Рауфи во завршен збор за „Монструм“: Фејзи Азири бил дел од УЧК, но тоа не го прави терорист

by fokus

Во својот завршен збор за случајот „Монструм“, адвокатот Насер Рауфи откри дека обвинетиот Фејзи Азири бил дел од УЧК, но според него тоа не го прави терорист.

Тој ова го откри бидејќи во завршниот збор на обвинителите беше потенцирано дека постои класифициран документ за Фејзи Азири обезбеден од безбедносните служби, кој не го открија пред јавноста, но побараа истиот да го цени судот.

-Обвинителите мислеа на тоа дека Фејзи Азири бил дел од УЧК, неговата книшка на која е горд, е дел од предметот и тоа не е никаква тајна.
Спорно е тоа што за обвинителството УЧК било терористичка група, што пак се коси со Охридскиот рамковен договор, истакна Рауфи.

Претходно тој истакна дека случајот за петкратното убиство „Монструм“ е исконструиран.

Завршниот збор е во тек.

В.В.

Поврзани новости