Расте бројот на жртви во пожарите во Калифорнија

by fokus

Бројот на потврдени жртви во пожарите во Калифорнија се искачи на 63 лица, додека 630 се сметаат за исчезнати, изјави окружниот шериф Бат Кори Хони.

Најтешко е погоден градот Парадајз, во кој живееја 27 илјади жители. Таму пожарот уништи 9.000 домови, а од негогашниот град сега се останати само купишта пепел.

Од подрачјето погодено од најсмртоносните пожари во историјата на Калифорнија евакуирани се околу 50 илјади лица.

Поврзани новости