Расте бројот на заразени во Бугарија, 330 нови случаи на Ковид-19

by fokus

Во Бугарија расте бројот на новозаразени со корона вирусот, откако во последните 24 часа се регистрирани 330 нови случаи.

Тестирани се 3.686 луѓе, а починале уште три лица.

Вчера беа регистрирани 240 нови случаи, а завчера, 188.

Во изминатото деноноќие оздравеле 63 лица.

Во болниците се лекуваат 525 пациенти, од кои 28 се на интензивна нега.

Од почетокот на пандемијата во Бугарија се регистрирани вкупно 6.672 заразени, од кои 262 починале.

Во моментов, активни се над три илјади случаи.

Поврзани новости