Расте бројот на заразени со коронавирус во Франција, се воведува бесплатно тестирање

by Fokus

Француските здравствени власти ќе обезбедат бесплатни тестови без упат за Ковид-19, додека внимателно го следат зголемувањето на бројот на заразени лица по укинувањето на мерките за карантин.

ПЦР тестовите на брис од нос, со кои се открива заразата со новиот коронавирус, ќе бидат бесплатно достапни на барање според новите владини одредби објавени вчера.

-Ние ова не би го опишале како втор бран, но јасно е дека сега гледаме очигледно зголемување на бројот на потврдени случаи, што беше во пад 13 недели, рече министерот за здравство Оливие Веран во интервју објавено во неделното издание на весникот Ле Парисиен, јави Ројтерс.

Франција пријави 30.192 смртни случаи како резултат на коронавирусот и вкупно 180.528 заразени, според податоците објавени во петокот.

Во земјата во еден ден има повеќе од 1.000 новозаразени, што отприлика бил дневниот број на заразени откако во мај се олеснати двомесечните мерки карантин.

Поврзани новости