Расте бројот на заразени од новиот корона вирус

by Fokus

Бројот на заразени од новиот корона вирус во Кина се зголеми на 76.936, откако се пријавени 648 нови случаи додека бројот на жртви достигна 2.442, соопшти националната здравствена комисија.

Во Хубеи, епицентарот на епидемијата, бројот на новозаболени во саботата се зголеми на 630. Тоа е значително зголемување од претходниот ден, кога беа пријавени 366 нови случаи на корона вирусот во Хубеи.

Бројот на жртви исто така се зголеми, достигнувајќи 2.346 до крајот на вчерашниот ден, што претставува зголемување за 96 од претходниот ден.

Поврзани новости