Расте бројот на заразени од Ковид-19 во Албанија

by fokus

По повеќедневните пониски троцифрени бројки, во Албанија повторно е регистрирана висока бројка на новозаразени со Ковид-19.

-Се зголемува бројот на нови случаи со Ковид-19 во последното деноноќие кога се потврдени 712 новозаразени што е 36,4 отсто од тестираните 1.952. Ако се има предвид дека добар дел не се тестираат а други се тестираат во домашни услови, бројот е многу поголем, наведуваат од Министерството за здравстсво и социјална заштита.

Поради тоа од министерството повторно ги повикуваат граѓаните да не ја занемаруваат вакцинацијата против Ковид, особено во „овој период на зголемени контакти, поради движењата во текот на летната сезона“. Додаваат дека може да се вакцинираат сите на возраст над 12 години, а четврта доза може да примат лицата над 60-годишна возраст и хронично болните.

Во изминатото деноноќие во списокот на оздравни се внесени 551 лице, починале две додека во болнички услови се третираат 21 пациент од вкупно 3.490 активни на болеста.

Поврзани новости