Расте бројот на нерегуларности: Закани за отпуштање, евидентирање на гласачи, фотографирање на ливчиња

by fokus

Граѓанската асоцијација „МОСТ“ одржа уште една прес конференција за изборните нерегуларности на која директорот Дарко Алексов рече дека како што расте фрекфенцијата на гласачи, се зголемуваат и изборните нерагуларности. Фотографирањето на гласачките ливчиња преминало во тренд кој дел од изборните комисии на гласачките места го толерираат, за што МОСТ реагирал до ДИК.

Освен фотографирање на ливчињата, имало и агитирање пред гласачките места, а честа појава е и неовластено евидентирање на лицата кои доаѓаат да гласаат од страна на партиски активисти.

Во општина Чешиново-Облешево, активист на одредена политичка партија кој небил овластен да присуствува на гласачкото место не дозволил член на семјество да мупомогне на гласачот и тоа го направил тој. Членовите на избирачкиот одбор реагирале ипобарале од претседателот случајот да влезе во записник, по што активистот му сезаканил на претседателот дека ако го стори тоа ќе добие отказ од работа.

 Дел од нерегуларностите евидентирани од МОСТ:
-ГМ 0473, општина Маврово и Ростуше, член на ИО ги евидентира гласачите кои гласаат во посебен список и истиот го предава на неовластено лице.
-На ГМ 0558, општина Центар Жупа, влегло неовластено лице кое се претставило како
партиски набљудувач, но не поседувало акредитација, по што избирачкиот одбор го
отстранил од гласачкото место. Лицето останало присутно пред вратата на гласачкото
место и ги евидентира гласачите.
-Во ОУ „Јане Сандански“ во општина Центар во ходникот било присутно неовластено лице кое на гласачите од ромска националност им укажувало за кого да гласаат. После
извесно време лицето бил отстрането од страна на избирачкиот одбор.
-Пред ГМ 0740, општина Кичево, присутни се неовластени лица кои ги евидентираат
гласачите кои влегуваат во објектот.
-Пред други два објекти во општина Кичево во кои се сместени 6 гласачки места присутни се неовластени лица кои ги евидентираат гласачите кои влегуваат во објектот.
-Пред ОУ „Наум Наумовски Борче“ во општина Гази Баба во кое се сместени 11 гласачки места присутни се неовластени лица кои агитираат.
-ГМ 2464, општина Чучер-Сандево, неовластено лице агитира пред гласачкото место.
-ГМ 0845, општина Кочани, 12 гласачи јавно гласале со покажување на своите гласачки ливчиња.

Поврзани новости