Расте бројот на хоспитализирани пациенти на ковид одделот во Кавадарци

by fokus

Бројот на пациенти позитивни на корона вирус, кои се хоспитализираат во ковид одделението во кавадаречката болница е во пораст изминативе десетина дена. Според информации од болницата, во тек на вчерашниот ден биле хоспитализирани 37 лица, а слободни се 27 кревети. Починат е маж од Кавадарци на возраст од 84 години, со сериозни коморбидитети.

Иако кон крајот на јануари изгледаше дека состојбата оди на подобро, и бројот на хоспитализирани се намали на 13 пациенти, сепак од почетокот на февруари бројките се во секојдневен пораст.

Од МЗ пред неколку дена потврдија дека во Кавадарци се регистрирани четири случаи на британската мутација на вирусот, што дополнително ги загрижи граѓаните.

Веќе со недели наназад Кавадарци се наоѓа на високо место во статистиките на Министерството за здравство, а моментално се активни 367 случаи.

Во тек е поставувањето на модуларната ковид болница во дворот на кавадаречката болница, и предвидено е во истата да има 35 болнички кревети.

Вики Клинчарова

Поврзани новости