Расте бројот на деца наркомани, нема институција да ги лечи

by fokus

Бројот на малолетни зависници на дрога постојано е во пораст, а државата институционално не презема ништо, алармираат од Здружението ХОПС – Опции за здрав живот Скопје.

Најмалото дете кое инјектира хероин во Македонија, е осумгодишно девојче од Скопје. Пет-шест годишни деца користат лепак или други материи што предизвикуваат зависност.  Само во Скопје, од организацијата ХОПС регистрирале 85 деца зависници од дрога, а само во 2016 година има 7 нови корисници, но ниту еден од нив не почнал со лекување.

Министерството за здравство пред две години подготвило Протокол за лечење на овие деца, но тој никогаш не стапил на сила.

-Нема програма за лекување малолетни лица.. Центрите за зависници се во рамките на психијатриските болници, но тие не работат со малолетни лица. За користење бубренофин на Клиниката за токсикологија има многу административни бариери. На Клиниката за детски болести, пак, нема обучен кадар за лекување зависници – вели Влатко Дејков од ХОПС.

Децата зависници најчесто користат лепак, но застапен е и хероинот и амфетаминот. Бројот на деца-наркомани најверојано е многу поголем, но ни тоа не може да се претпостави, бидејќи не постои ниту таква програма.

Дури и да се мотивираат да почнат со терапија, центрите за зависници во психијатриските болници не ги примаат, затоа што не лекуваат малолетни деца, а така оставени сами на себе, скоро секогаш и се враќаат на дрогата.

Поврзани новости