Хуманитарна акција, парите ќе одат за новиот предизвик на Марко, кој лани го преплива Охридското езеро

by Fokus

На плоштадот во Охрид денес е во тек хуманитарна распродажба на производи од компанијата ,,Comfy angel” која е специјализирана за производство на перници, јоргани, јоги и слично.

Парите кои што ќе бидат собрани од распродажбата ќе му биле донирани на малиот Марко Пејчиновски, кој минатиот август го преплива Охридското Езеро, а сега се подготвува за нов предизвик.

Акцијата е во соработка со Црвен крст – Охрид, а на самото место биле поставени и кутии за донации.

Откако лани на 12-годишна возраст успеа да го преплива Охридското Езеро, годинава Марко најави дека повторно ќе плива за децата со ретки болести. Распродажбата започнала утрово од девет часот, а локацијата е кај Чинарот.

Поврзани новости