Во 18 часот претседателот на Собранието, Талат Џафери, ја прекина расправата за распишување оглас за нов јавен обвинител и нејзиното продолжение го закажа во среда во 11 часот.
Пратениците од опозицијата повторно обвинија дека процедурата за распишување на оглас за избор на јавен обвинител е спротивна на Изборниот законик.
-Покажувате ароганција во однесувањето во Парламентот. Брутално го злоупотребувате тенкото парламентарно мнозинство. Исто како и при разрешувањето на Марко Зврлевски и сега не го почитувате Иборниот законик, Илија Димовски.
Пратениците од власта рекоа дека ВМРО-ДПМНЕ стануваат нервозни секогаш кога ќе се спомене зборовите „јавно обвинителство“. Петре Шилегов ги праша зошто се плашат од нов јавен обвинител, ако се чисти и немаат никаков криминал.