Распоред на митинзите на СДСМ: Караванот тргнува од Крушево и Прилеп

by fokus
Караванот на СДСМ и Коалицијата предизборната кампања ја започнува вечерва од
Прилеп каде што во 19 часот ќе се одржи централниот митинг. Претходно, во

17,30 часот ќе се одржи минитнг на Крушево, информираат социјалдемократите.

Во вторник цнетралниот караван е во Скопје при што ќе бидат посетени населбите

Драчево и Кисела Вода, а предвиден е минтинг во општината Аеродром во 19 часот пред платото на Т.Ц. Бисер.

Во среда ќе се одржи митинг во Демир Хисар и централен митинг во Кичево. Во

четврток СДСМ ќе биде во Гостивар, а централен митинг ќе има воТетово.

„Во петок СДСМ и коалицијата ќе одржат митинг во Виница и централен митинг во
Кочани. Во сабота ќе се одржи митинг во Ѓорче Петров и централен митинг во
Карпош. Првата недела завршува со средби и централен минитнг во Велес со почеток во 19 часот, а претходно во 17,30 часот СДСМ и коалицијата ќе одржи митинг во Свети Николе“, информира СДСМ.
timthumb

Поврзани новости