Расказ на македонскиот писател Иво Митев преведен и објавен во српско списание

by Fokus

Расказот „Човекот кој носеше среќа“ на македонскиот писател Иво Митев е преведен на српски јазик и истиот е објавен во српското списание за книжевност „Екерман“.

Митев своето образование го завршил на УКИМ на Филозофскиот факултет при Институтот за класични јазици. Тој пишува од своите студентски денови, а покрај раскази, негова слабост се драмите.

Своето деби на македонската книжевна сцена го има во 2014 година во списанието за литература, уметност и општествени прашања „Современост“. Во 2015 година добитник е на трета награда на конкурсот за краток расказ распишан од весникот Нова Македонија.

Четири години подоцна во издание на Дата Песнопој од Битола, Митев ја издава својата дебитантска книга „Небесна фотографија и други раскази“. Истата книга е добитник на втора награда на Дата ПЕСНОПОЈ – Битола КНИЖЕВНИ МЕРИДИЈАНИ.

Во 2020 година излегува од печат неговата нова книга, драмата за Григор Прличев, „Луѓе меѓу луѓето“ во издание на издавачката куќа Аламанах од Скопје.

Поврзани новости