Рашиди: Не би ме изненадило да го предложите Груевски за министер

by fokus 18:40
18:40

Пратеникот од Алијансата на Албанците, Сурија Рашиди на денешната собраниска седница ја критикуваше Владата и премиерот Зоран Заев за предложените министри во владината реконструкција.

-Тие кои на критичниот ден за избор на претседател на Собранието не го гласаа Талат Џафери, оти беа против како што велеа кроминалите на ДУИ и не беа во салата, сега имаат шанса да ги поддржат Џафери и вашата Влада. Невидено е како можевте во ек на локалните избори да кажете дека Алијасата е во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ, кога се уште не беше засушена крвта од 27 април, алудирајќи на нашата соработка со Беса и сега таа партија е дел од Владата. По ова не би ме изненадило Никола Груевски да го предложите за министер за финансии, рече Рашиди.

- Advertisements -

Поврзани новости