Расчистена тешка кражба во менувачница во Чаир, приведени двајца скопјани

by Fokus

Двајца 25-годишни скопјани приведени во полициска станица поради тешка кражба на менувачница и напад на полициски службеник.

Од МВР информираат дека на 29 јули годинава, околу 01.45 часот, полициски службеници од полициската станица Чаир ги затекнале 25-годишните А.М. и Б.Р. и двајцата од Скопје, непосредно по извршување на кривичното дело „тешка кражба“ во менувачница во трговски центар во Чаир. При обидот да бидат фатени, Б.Р. физички нападнал полициски службеник.

Од МВР велат дека со ова е расчистена „тешка кражба“ и против двете лица ќе биде поднесена кривична пријава за извршено кривично дело „Тешка кражба“, а против Б.Р. и за делото „Напад на службено лице при вршење на работи од безбедноста“.

По преземени мерки и активности на 30 јули, А.М. и Б.Р. биле приведени во полициска станица и при извршен службен разговор со нив во целост го појасниле начинот на извршување на кривичните дела, информираат од полицијата.

Поврзани новости