Рано е за отворање на границите

by Frosina Fakova

Се уште е рано да се отворат границите, вели министерот за здравство, Венко Филипче, наведувајќи дека ја следат ситуацијата и ги анализираат бројките, па понатаму ќе донесат одлука.

– Сметам дека сега е се уште рано да ги отвориме границите заради тоа што тоа е дополнителен ризик и кон околните земји, ако патуваат луѓе од региони во кои има повеќе пациенти кај нас, а и при враќањето секако. Патувајќи се зголемува ризикот од појава на случаи кои, на некој начин, би го донеле вирусот од некој од соседните земји. Во таа смисла ќе ги правиме проверките на податоците, ќе ги анализираме бројките па ќе носиме одлука за границите. Утрово утврдивме дека денеска е рано да се дискутира за тоа, но ја имаме цела недела пред нас, истакна министерот, одговарајќи на новинарско прашање кога ќе се отворат границите во земјава.

Тој оцени дека не треба да се избрза со донесување на одлука.

– Мислам дека сепак соседите ќе ја гледаат бројката. Јас разговарав изутрината сабајле со бугарскиот министер и му кажав дека ќе дискутираме овие следни денови и ние повторно ќе се слушнеме до крајот на неделава, рече Филипче.

Поврзани новости