Ранко Бубамара: Политичарите се празник за хуморот и за сатирата!

by Фокус 17:17
17:17

City MallКога ќе слушнеш: Баце, ајде да го направиме уште ова, да скокнеме на кафе по штрајк, смеењето го продолжува животот, духот треба да го чуваме, знаеш дека тој е тука некаде во заднина. Човекот Бубамара алијас Ранко Петровиќ.

Прошетката по радиостаниците го исправи пред неговото – Радио Бубамара, пред точно 21 година. Молчењето е злато, но за тие што немаат дух. Ова добро го знае Ранко, чија 17-та Бубамара сѐ уште предизвикува внимание со сатирични манири. Наградите не се толку важни колку насмевките од тоа што ќе се роди на сцената во долгочасовното шоу.

- Advertising -

Кој ќе биде на тапет на 18-та Бубамара, „кого прислушувале“, ќе видиме на 19 февруари, кога во Универзална ќе експлодира неговата бомба. Едно е сигурно, никој не е поштеден.

Во паузата од интензивни телефонски третмани, посветени на  Златна бубамара на популарноста, режисерот на ова оригинално шоу кај нас, го собра своето семејство, заедно со нивниот домашен миленик и ни се придружи во Скопје Сити Мол.01ФОКУС: Зошто Бубамара?

ПЕТРОВИЌ: Симбол на среќа, секогаш со радост е пречекана и испратена со  убава желба. Тоа е поврзаноста на нашите слушатели со значењето на  бубамарата, но и на добитниците на наградата Златна бубамара на популарноста.

Неговиот омилен слоган „Дами и господа и останати 97% од населението“, во февруари, пред 18 години го отвори првото издание на оваа манифестација, која остана како светла точка да ги расположува луѓето. Ни должината на самиот настан не е предизвик шоуто да се пропушти. Дегустирајќи го кафето во „Бистро“ во Скопје Сити Мол, полека почнавме да ја анализираме Златна бубамара на популарноста.11ФОКУС: Кој е вашиот впечаток по реализирани досега 17 изданија, а 18-то е на пат? Што ги погодува луѓето најмногу?

ПЕТРОВИЌ: Па, најверојатно задоволството дека можат да поминат три незаборавни часа со смеење и дружење, да доживеат незаборавни емоции од кои им доаѓа да го бакнат и да го гушнат телевизорот, како и секогаш кога гледаат Бубамара.05ФОКУС: Ќе штрајкува ли Бубамара поради нешто?

ПЕТРОВИЌ: Ве молам за ново заменско прашање.

ФОКУС: А политичарите? Го прифаќаат ли хуморот што им го пласирате?

ПЕТРОВИЌ: Тие се нашите најголеми обожаватели. Политичката сатира на некој начин потекнува од нив самите, или што би рекле, тие ни се соработници во сценариото и затоа многубројни ситуации што за нив се секојдневие, за сите нас се празник на хуморот, сатирата и за надреалноста.06ФОКУС: Кое ќе биде мотото, кој ќе биде предизвикот кој годинава ќе доминира на Бубамара? Дали прислушување или студентите како свежина, која сите нестрпливо ја чекавме?

ПЕТРОВИЌ: Нашиот слоган за оваа година е едноставен: „СМЕЕТЕ ДА СЕ СМЕЕТЕ“, мото кое прилега за лечење од уроците и од црните магии од 2014. Сценариото и оваа година го чуваме во најголема тајност, а како што гледам какво е времето, најубаво е сега да немаш никакво сценарио, па макар и свое.12ФОКУС: Има ли „телефонско местење“ за Бубамара?

ПЕТРОВИЌ: Секој глас е замрзнат во нашиот фрижидер и во пакување за маргарин.02Скопје Сити Мол ја слави моќта на љубовта. Тоа е пораката што буквално ве дочекува од секој агол. Посебно од тунелот, кој специјално е направен за таа намена. Ова го искористивме како мотив да ја тестираме романтичната страна на нашиот соговорник. Мора да споменеме дека бевме пријатно изненадени од неговото снаоѓање во улога на родител, лесно се справуваше со секоја забелешка на неговите деца.

ФОКУС: Ранко, лесно ли е да се биде татко, сопруг, пријател, посебно кога сите ѕвонат пред настанот? 

ПЕТРОВИЌ: Најтешко е да бидете во организација на настан за кој има интерес. Ве бараат 20.000 луѓе, а вие имате сала од само 1.400 седишта.

ФОКУС: Верувате ли во љубовта? 10ПЕТРОВИЌ: Најмногу верувам во љубовта кон татковината. Но, во последно време се чувствувам изневерен на еколошки план.

ФОКУС: Како ја шармиравте вашата сопруга?

ПЕТРОВИЌ: Ѝ реков дека ќе ја сакам сѐ додека Македонија е презадолжена и еколошки загадена земја, а таа веднаш сфати дека тоа е љубов до крајот на животот.03Жеден за рокенрол, Петровиќ својата кариера на радиобрановите ја почнува во радиото Клуб 100, од каде што преминува во Студентското радио. На крај одлучува дека сака да биде акционер, па својот капитал го насочува во Радио бубамара. Додека одбиравме филм во „Синеплекс“, пребарувавме во историските мигови од неговата лична карта.

ФОКУС: Ајде да го вратиме малку назад времето. Во радио почнавте уште во минатиот век. Што ве навлече на радио?

ПЕТРОВИЌ: Уште од тогаш сакав сите да ме слушаат.07ФОКУС: Градоначалник или претседател, кон што би се насочиле повеќе?

ПЕТРОВИЌ: И едното и другото не се лоши, сѐ зависи каков шеф ќе ти се погоди.

ФОКУС: 14 февруари, ден на виното, старите пријатели и многу дружење со Ранко. Дали тоа ќе биде шема и за оваа сабота? 

ПЕТРОВИЌ: По првата голтка вино ме фаќа дремка и заминувам во кревет да го прославам Сент Валентајн.09ФОКУС: За крај, може ли радиото да успее во борбата со интернетот?

ПЕТРОВИЌ: Па, тука нема борба, радио може да се слуша и на интернет.04Децата сакаат шопинг, па од тие причини, ние се повлековме, оставајќи го семејството Петровиќ да ужива во Скопје Сити Мол.08

Поврзани новости