Ранет синот на поранешниот реис на ИВЗ- во него било пукано од возило во движење

by fokus

Попладнево околу 16 часот од возило во движење било пукано кон полицаец во скопската наслеба Ѓорче Петров. Според неофицијалните информации кои се објавуваат, повредениот полицаец е син на поранешниот поглавар на ИВЗ, Сулејман Реџепи кој работи како инспектор во МВР.

Според официјалните информации на Министерството за внатрешни работи, инцидентот се случил на кружниот тек во населбата Ѓорче Петров кај црката Св. Петар и Павле. Кон полицаецот било пукано од возило „голф“ додека тој се возел со приватниот „мерцедес“.

-Според првичните информации З.Р. се здобил со повреди во ногата и се упатил во ГОБ „8-ми Септември” за укажување на помош, соопшти МВР.

Поврзани новости