Ранет маж барал помош во кочанската болница, МВР со детали

by Fokus

На 02.08.2022 околу 03:20 часот во ОВР Кочани е пријавено дека во Хируршко одделение Кочани за укажување на лекарска помош дошол Н.Б.(48) од Кочани, со прострелна рана на дланката, за која изјавил дека е последица од самоповреда.

„Констатирано е дека на место викано „Наддабо“, во село Бели, кочанско, повредениот додека бил заедно со Д.С., испукал со пиштол. Заради расчистување на случајот Н.Б. е лишен од слобода, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „Предвизвикување општа опасност“ казниво по чл.288 од Кривичен Законик, како и Д.С., поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „Недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“ казниво по чл.396 од Кривичниот законик“, велат од МВР.

Поврзани новости