Рамуш Харадинај прогласи победа на Косово

by fokus

Кандидатот за премиер на Косово, Рамуш Харадинај, по објавувањето на првите прелиминарни изборни резултати на телевизијата Клон, изјави дека новата влада ќе биде формирана на време.

Харадинај, кој е кандидат на Демократската партија на Косово, Алијансата за ново Косово, Иницијативата за Косово и десет други партии изјави дека победата на коалицијата е убедлива.

„Косово го положи испитот. Честитки за изборите, Косово“, рече Харадинај, оценувајќи дека овие избори се најдобро организирани досега на Косово.

Победничката коалиција ги повика своите сопартијци и симпатизери да ја прослават победата на плоштадот Скендербег во центарот на Приштина.

Од друга стара, лидерот на Демократскиот сојуза на Косово, Иса Мустафа, ја обвини телевизијата Клан дека е извршител на волјата „клан на темнината“ и оцени дека излезните анкети на телевизијата се „невистинити и нарачани“ и дека целта е да „влијаат на резултатите пред соопштувањето на првичните резултати на Централната изборна комисија.

Поврзани новости