Рамиз Мерко меѓу професорите без нострифицирани дипломи на Универзитетот во Струга, каде вчера беа нападнати инспектори

by fokus 16:55
16:55

Просветните инспектори кои денеска биле вербално нападнати и избркани од Меѓународниот универзитет во Струга, дошле во проверка поради сомневања дека стотици студенти и професори на Универзитетот се без нострифицирани дипломи.

Тие биле лошо пречекани од рекоторот на Универзитетот, Армен Кадриу, кој им се обратил на висок тон и со навредливи и заканувачки зборови, информираа претходно од полицијата.

- Advertisements -

Како што велат од Државниот просветен инспекторат, се работи за постар случај во кој претходно е донесено решение. Инспекторатот утврдил дека на Универзитетот се вработени професори чии дипломи не биле нострифицирани. Од таму се сомневаат дека станува збор за место кое функционира како пералница на дипломи.

-Откако инспекторатот донел решение, Универзитет го обжалил, а Вишиот управен суд го поништил но и наредил повторен надзор, затоа инспектори вчера повторно го посетија Универзитетот – вели директорот на ДПИ, Томе Спировски.

Според инспекторите меѓу професорите без валидна диплома е и градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко. Тој наводно има докторска диплома добиена на Државниот универзитет во Нови пазар, но иако не е нострифицирана тој си дал на себе научно звање доцент и вонреден професор.

Поради попречување во работата на инспекторите Министерството за внатрешни работи може да поведе постапка против Универзитетот.

Од Инспекторатот велат дека за случајот со Меѓународниот Универзитет во Струга треба да се заинтересира и Финансова полиција и Министерството за труд и социјална политика. Се сомневаат дека се работи за организиран криминал.

M.В.

Поврзани новости