Рамадани: Тие кои пцујат работат против Вардар и ракометот!

by fokus

Пишува: Рамадан Рамадани

Тие кои вака пцујат всушност работат против Вардар и ракометот оти после вакво “ничим изазвано” пцуење мало морген за јавни, градски или државни, заеднички пари!

А колку се глупи и штетни суштества кои работат само во корист на сопствена штета тие кои пцујат, говори и фактот дека освен што пцујат Албанци кои треба некаде да изгласаат за јавни пари и помош се потрудиле и лично да го навредат министерот за финансии, самиот тој по Македонец од цела нивна екипа.

Ги читам реакциите за пцуењето и морам да констатирам дека се недоволни и несоодветни и заради фактот дека многумина мислат дека пред затвор вакви будали треба клиника да посетат, секако психијатриска! Затоа што нема друго како да се разберат овие пцовки освен дека тие кои не пцујат во било каква победа, посебно во тие кои врска немаат со нас Албанците, само докажуваат слабост дека нас никогаш не не победиле.

Поврзани новости