Рама: Што ќе бараме во Брисел?

by fokus

Албанскиот премиер Еди Рама попладнево на Твитер напиша дека ЕУ е киднапирана од страна на Бугарија и се запраша што ќе бараат на Самитот во Брисел тој, Ковачевски и Вучиќ кога ќе добијат уште едно „не“.

-Денеска нашироко разговаравме со лидерите на Србија и на Северна Македонија за претстојниот Самит на ЕУ. Се чини дека уште едно ‘не, извинете!’ ќе биде она што ќе го слушнеме на крајот! Целата Унија, која е киднапирана од Бугарија, не е добар спектакл за гледање! Што да се прави таму?!, напиша Рама.

И Вуќич и Ковачевски денеска соопштија дека утре ќе објават дали воопшто ќе патуваат во Брисел.

Поврзани новости