Рама: Против корона вирусот не може да се борите со политика

by fokus

Албанскиот премиер Еди Рама на својот Твитер налог напиша дека против корона вирусот не може да се борите со политика, ниту со сештологија, уште помалку со страв и со паника и додаде дека се преземени сите мерки во соработка со Светската Здраствена Организација.

„Ние од првиот момент на неговото појавување се подготвуваме во тесна соработка со Светската Здравствена Организација. Правевме и правиме сè според планот. За жал, оваа земја, при секоја природна непогода или катастрофа или здравствена итна состојба што се појавува, мора да се соочи и со својата голема несреќа на канали и портали, каде во овие случаи цветаат незнаењето, злобата, мрзеливоста и лакомоста на маскарадата, која во вакви случаи станува нечовечност, напиша Рама.

Поврзани новости