Рама: Од Макрон добив повеќе од охрабрувачки зборови за почеток на преговори со ЕУ

by fokus

Албанскиот премиер и лидер на Социјалистичката партија, Еди Рама, на денешната средба со парламентарната група на партијата, информирајќи за средбата со францускиот претседател Емануел Макрон, рече дека добил силна поддршка и позитивни зборови и оти по таа средба е пооптимист од претходно.

– Вчера бев во Париз за да ги продожам тешките, но можни дипломатски напори за убедување на секоја земја членка на ЕУ, на нашата земја, кон крајот на  јуни да и се даде она што го заслужува,почеток на преговори со ЕУ. Може да ви кажам дека од претседателот Макрон добив повеќе од охрабрувачки зборови за Албанија, изјави Рама.

Посочи дека се постигнати добри резултати во борбата против корупцијата, реформата во правосудството, ветингот, соработката со француската полиција за азилантите.

-Макрон рече дека во тек е  процесот на донесување одлуки, бидејќи нема врска со Албанија и со Македонија, туку е поширока тема на проширувањето на Европа, која бара длабоко размислување. Сега по средбата со него сум пооптимист, но се уште има недели и работа која треба да се направи, нагласи Рама.

Тој додаде дека сеуште продолжува „борбата“ со некои земји на ЕУ, кои се скептични во врска со постигнувањата на Албанија и кои се „против членството на Албанија во ЕУ“.

Поврзани новости