Рама: Македонија без двоумење да го прифати францускиот предлог

by fokus

Албанскиот премиер Еди Рама денеска изјави дека Северна Македонија треба без двоумење да го прифати новиот француски предлог, кој, според него, е исто така последен, а го отвора патот за отворање на преговори за Албанија и Северна Македонија.

На средба со новинарите, по Самитот на НАТО, што се одржа во Мадрид, Рама ги изнесе напорите вложени за постигнување договор со кој се отвора патот за официјалното отворање на преговорите.

Цело време, додаде тој, бев во контакт со францускиот претседател Емануел Макрон, кој, според него, заслужува голема благодарност и признание, затоа што тој лично го следел овој процес 48 часа, дури и по полноќ, разменил пораки со Рама.

-Според мое мислење, новиот предлог, кој е и последен, мора добро да го разберат во Северна Македонија, е целосно прифатлив предлог и владата, мнозинството, парламент, треба да го прифатат без двоумење. Општеството во Северна Македонија треба да се чувствува целосно ослободено затоа што ќор – сокакот е надминат и елиминирани се некои нијанси што го направија неприфатлив претходниот предлог, рече Рама.

Албанскиот премиер информираше дека водел конструктивен разговор со претседателот на Бугарија, Румен Радев.

Поврзани новости