Рама ќе го тужи Харадинај за клевета

by Fokus

Албанскиот премиер Еди Рама најави дека ќе го тужи косовскиот премиер во заминување, Рамуш Харадинај, за неговата изјава дека „Рама, косовскиот претседател Хашим Тачи и српскиот претседател Александар Вучиќ ќе добиеле 10 милијарди евра за поделба на Косово“.

Додаде дека неговата канцеларија веќе подготвува тужба против Рамуш Харадинај.

-За 10-те милијарди, тужбата не ја подготвувам јас, туку имам специјална канцеларија против клевета. Пред судовите во Косово, господинот ќе мора да дојде да го докаже како на маса ќе ги поделевме 10-те милијарди меѓу мене, Тачи и Вучиќ. Да му кажеш на народот дека 10 милијарди евра ќе сме делеле за поделбата на Косово и повторно да добиеш гласови, браво за оние што гласале за овој вид политика, рече Рама во гостувањето во емисијата „Опинон“ на Клан телевизија.

Според Рама, Харадинај лажел кога изјавил дека вршел притисок косовската Влада да ја укине 100-отстотната царинска такса за српските прозводи,туку дека единствено му рекол дека она што ќе ти го предложи Макрон се случува само еднаш.

-Макрон пред мои очи и пред германската канцеларка и српскиот претседател му рече: Рамуш дај ми четри месеци и ќе влезам во процесот на дијалог. Суспендирајте ја таксата. Човекот не му рече да ја укине. Му кажа дека Србија ќе ја прекине идиотската кампања против признавањето на Косово и тој ќе го повлече ветото за визната либерализација за косовските граѓани,рече Рама.

Според него, поради тврдоглавоста на Харадинај косовските граѓани и понатаму се изолирани.

Поврзани новости