Рама: Албанците во Македонија не се борат за фотељи

by Фокус 21:14
21:14

Заедничката платформа на албанските политички лидери во Македонија за преговорите за формирање на македонска влада е историска, оцени албанскиот премиер Еди Рама.

Тој на фејсбук напиша дека станува збор за историски исчекор и притоа истакна дека Албанците во Македонија не се борат за фотељи.

Инаку, под покровителство на Рама, Али Ахмети, Биљал Касами и Зијадин Села постигнаа договор за заедничка платформа, од која никој нема да отстапи, без оглед со кого и кога ќе преговара за состав на влада.

Поврзани новости