Раководителката на Институтот за педагогија: Не сите професори од Институтот се против новиот концепт за образование

by fokus

Раководителката на Институтот за педагогија, проф. д-р Јасмина Делчева-Диздаревиќ вечерва до медиумите испрати дообјаснување на денешното соопштение во кое беше кажано дека мнозинство од професорите од Институтот донеле заклучок дека треба да запрат активностите за понудената концепција за основно образование и да почне процес на сериозна стручна и академска расправа која ќе резултира со нова концепција.

Раководителката објаснува дека не сите професори имаат идентичен став и додава дека таа со уште една колешка е дел од работната група за изработка на предлог концепцијата и целосно стојат зад неа.

-Со ова сакам да ја дополнам информацијата која дел од медиумите ја пренесоа и да потенцирам дека не̓ сите професори од Институтот имаат идентичен став во однос на предлог Концепцијата за основно образование, како што е пренесено. Ве извесувам дека како раководител на Институтот за педагогија, заедно со мојата колешка проф. д-р Лена Дамовска сме дел од работната група за изработка на предлог концепцијата зад која во целост стоиме и  дека  не̓ сите професори од Институтот имаат идентичен став во однос на предлог Концепцијата, вели Делчева-Диздаревиќ.

Поврзани новости