Рајан: Вакцината против Ковид-19 нема да стигне на време за вториот бран на пандемијата

by Fokus

Високиот претставник на Светската здравствена организација, Мајк Рајан, предупреди дека вакцините нема да пристигнат на време за да се победи вториот бран на пандемијата со Ковид-19.

Рајан наглкаси дека вакцините не треба да се гледаат како волшебно решение и дека државите што се борат со повторното ширење на вирусот,  ќе мораат сами да ја водат таа битка.

– Мислам дека ќе поминат најмалку четири до шест месеци пред да имаме значително ниво на вакцинација каде било, изјави тој.

И покрај ветувачките најави за развој на потенцијални вакцини, Рајан вели дека тие се уште не постојат.

– Многу земји минуваат низ овој бран и ќе поминат низ тој бран без вакцини, додаде Рајан.

Поврзани новости