Рафајловски: Партијата која најави економски „бум“ има само еден вицепремиер во економскиот сектор

by fokus

Бизнисменот и стопанственик, Горан Рафајловски на дебата на емисијата „Топ тема“ изјави дека голема е недовербата меѓу бизнис секторот и власта. Вели дека бизнисмените ја изгубиле довербата во било која Влада, а власта не верува дека може да го најде спасот во стопанството.

Забележува дека партијата, мислејќи на СДСМ, која најавуваше економски „бум“, во новоформираната влада има само еден вицепремиер, односно вицепремиерот, задолжен за економски прашања и координација на економските ресори, Фатмир Битиќи, додека другите министри за економија и финансии се од ДУИ, Фатмир Бесими во финансии, а економија ја предводи Крешник Бектеши.

Тој порачува дека голем дел од компаниите до крајот на годината нема да издржат и ќе го затворат бизнисот. Од сите мерки на Владата, вели дека на стопанствениците најголема помош им биле субвенциите за три месеци, во вредност од 14.500 денари.

 

Поврзани новости