Радовишанец загина во сообраќајка кај Струмица

by Fokus

Педесет и осумгодишниот Б.К. од Радовиш вчера попладне загинал во сообраќајка која се случила на локалниот пат Струмица-село Просениково, информираа од СВР Струмица.

Според полицијата, автомобилот „ауди А4“ со радовишки регистарски таблички, управуван од загинатиот, изгубил контрола и излетал од патот.

На местото на несреќата била повикана екипа на Итната медицинска помош од Струмица, а лекар констатирал дека радовишанецот починал веднаш.

Увид извршиле екипа на СВР Струмица и јавен обвинител

Поврзани новости