Радев утре почнува консултации за состав на нова Влада

by Fokus

Бугарскиот претседател, Румен Радев, ќе одржи консултации со претставници на пратеничките групи од 46. Национално собрание, пред да му го предаде мандатот за формирање нова влада на кандидатот за премиер што ќе го номинира најголемата партија во парламентот.

Консултациите со пратеничките групи, предвидени со бугарскиот Устав, Радев ќе ги оддржи утре во претседателската институција.

Први кои се поканети во претседателството се победниците на изборите од 11 јули, „Има таков народ “, еден час по нив ќе влезат од ГЕРБ-СДС, потоа „БСП за Бугарија “, додека попладне се планирани средбите со „Демократска Бугарија“, по нив ДПС и на крајот од „Исправи се БГ! Доаѓаме!”.

Бугарските медиуми јавуваат дека сега најголемата парламентарна партија во Бугарија „Има таков народ (ИТН)“ на Слави Трифонов веќе ги почнува преговорите и консултациите за формирање влада. Денеска се очекува партијата да испрати покана до сите парламентарни партии, но без ГЕРБ на Бојко Борисов, за формирање кабинет.

Состаноците ќе се одржат викендов во зградата на парламентот и ќе бидат јавни.

 

Поврзани новости