Радев: Претстојат тешки месеци и зголемен отпор од силите на статус кво

by Fokus

Во својот говор при претставувањето на составот на привремената влада на Бугарија, претседателот Румен Радев рече дека иако е техничка, кабинетот што го назначува има амбиција за демократско единство.

– Владата вклучува луѓе од левицата, од центарот и од десницата, политички неутрални, слободни претприемачи, изразувачи на јавно незадоволство, академици, рече Радев на претставувањето на привремената влада, која ќе биде предводен од премиерот генерал Стефан Јанев.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, повикувајќи се на она што го рече претседателот на Бугарија, претстојат тешки месеци, тешко наследство и зголемен отпор од силите на статус кво, наведувајќи ги предизвиците со кои се соочува кабинетот – да гарантира нормално функционирање на државата , да овозможи фер избори, да ја открие, колку што е можно за два месеци, вистинската слика за состојбата на државата и да се даде доверба дека може да се управува демократски.

Румен Радев коментира дека владата во заминување ја исцеди државната каса на Бугарија со контроверзни проекти, а привремената влада треба да ги среди работите, да има транспарентност и ефикасност во управувањето.

Според Радев, 45-от парламент беше обележан со многу емоции и, иако краток, неговиот живот не беше залуден. Тој изрази надеж дека по предвремените парламентарни избори во Бугарија на 11 јули, 46-от парламент ќе формира редовна влада.

Поврзани новости