Радев очекува крај на дискриминацијата на Бугарите во Македонија

by Fokus

Претседателот на Бугарија, Румен Радев истакна дека очекува крај на, како што вели, дискриминацијата на Бугарите во Македонија, пренесува БГНЕС.

„Нема алтернатива во барањето на Македонија за полноправно членство во ЕУ. Убеден сум дека со заеднички напори и само со заеднички напори можеме да го постигнеме тоа, бидејќи Бугарија е најзаинтересирана страна за забрзување на процесот на европска интеграција на РСМ. Очекуваме прекин на дискриминацијата кон Бугарите во вашата земја. Јазикот на омраза очекуваме да заостанува во учебниците по историја“, истакна Радев.

Поврзани новости