Радев очекува дијалогот со Македонија да даде резултати

by fokus

Бугарскиот претседател Румен Радев денеска во телефонски разговор со еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји го изразил очекувањето на Софија дијалогот со Северна Македонија да доведе до конкретни резултати.

Радев истакнал дека Софија е отворена за дијалог, поставила јасни прашања и очекува одговори и реални дејствија од Северна Македонија.

Шефот на бугарската држава смета и дека дневниот ред на билатералните односи меѓу Софија и Скопје не треба да биде подреден на надворешни влијанија, туку да се води отворено со ангажман од двете земји, што ќе го придвижува напред процесот на евроинтеграција на Северна Македонија.

Како главен акцент во тој дијалог, претседателот на Бугарија го посочил почитувањето на правата на Бугарите во Северна Македонија, трајно искоренување на јазикот на омразата и почитување на бугарската историја и културно наследство во С Македонија.

Поврзани новости