Работници од Западен Балкан и понатаму ќе можат да патуваат во Германија

by Fokus

Олеснувањата кога станува збор за правилата за работа во Германија за граѓаните од Западен Балкан се продолжени, пишува весникот Франкфуртер Алгемајне Цајтунг (ФАЗ).

Според информацијата германското правило за работници од Западен Балкан треба да остане во сила до 2023 година – граѓаните на Северна Македонија, Србија, Албанија, БиХ, Црна Гора и Косово и понатаму ќе можат да патуваат во Германија, без разлика на стручната подготовка.

Во предлог законот, во кој весникот имал увид, е наведено дека работната сила од Западен Балкан и во следните три години треба да има олеснителен пристап до германскиот пазар на трудот.

По долги преговори во владејачката коалиција, германскиот министер за труд Хубертус Хајл предложи закон со кој тоа е регулирано и им го испрати на гласање на останатите министри. Всушност е предвидено т.н. Правило за Западен Балкан од 2016 година, чија важност истекува во декември оваа година, да биде продолжено до 2023 година. Меѓутоа во предлогот е наведена нова максимална граница, а тоа е годишно во земјата да можат да влезат најмногу 25.000 работници од тој регион.

Поврзани новости