Работните групи денеска повторно ќе преговараат за изборниот законик

by Фокус

Се уште нема договор меѓу работните групи за изборниот законик, па се очекува денеска во текот на денот да продолжат преговорите. Тие ќе продолжат во присуство на европскиот медијатор Питер Ванхауте. Повторно ќе се преговара за изборната регулатива бидејќи рокот е пробиен речиси цела недела.

Работните групи се оптимисти дека може да се постигне конечен договор, со што утре изборниот законик би влегол во собраниска процедура. Доколку партиските работни групи постигнат конечен договор околу изборниот законик, ќе следува расправа за реформа на медиумите, како и за судството, за законите за „бомбите“ и за „свиркачите“. А, за неколку дена ќе мора да се изберат министри за внатрешни работи и труд и социјала од редовите на опозицијата.

Поврзани новости