Путин: Сите потенцијални закани за нашите војници веднаш ќе бидат уништени

by Фокус

-Веќе презедовме дополнителни мерки да ја гарантираме безбедноста на руските војници и воздушната база. Таа веќе е опремена со ново противвоздушно оружје. Сите летови на бомбардерите се со придружба на ловци. Мојата наредба е да се реагира остро, сите потенцијални закани за руските војници или нашата воена инфраструктура веднаш ќе бидат уништени, рече рускиот претседател Владимир Путин во обраќањето до своите генерали.

Путин не посочи директно за кои закани станува збор, но неговата изјава се толкува како предупредување до Турција, откако таа го собори рускиот авион.

Путин на своите генерали им порача и дека исклучително значајно е да се развие соработка со сите држави кои имаат вистински интерес да ги уништат терористите, подвлекувајќи ја потребата од обезбедување безбедност на летовите на руските авиони, преку координирање со израелската армија и коалиционите сили предводени од САД. 

Поврзани новости