Путин се плаши од џихадисти маскирани во бегалци

by fokus

Рускиот претседател Владимир Путин денеска повика Русија да го спречи приливот на бегалци од Авганистан, каде власта ја презедоа талибанците, велејќи дека џихадистите можат да влезат во земјата под маска на баратели на азил.

-Нашите западни партнери упорно го поставуваат прашањето за сместување бегалци во земјите од Централна Азија пред да добијат визи за САД или други земји. Но, кој е меѓу овие бегалци? Како можеме да знаеме? – праша Путин на состанокот на претставници на владејачката партија Единствена Русија.

Поврзани новости