Путин: Русија нема никаква врска со мигрантската криза

by fokus

Рускиот претседател Владимир Путин денеска негираше каква било одговорност за актуелната мигрантска криза на границата меѓу Белорусија и Полска, каде со денови се наоѓаат неколку илјади мигранти.

– Сакам сите да го знаат тоа. Ние немаме ништо со тоа, рече Путин во интервју за каналот Вести, откако неколку западни функционери го обвинија дека организирал испраќање мигранти на границата со Белорусија.

Западните земји го обвинуваат белорускиот претседател Александар Лукашенко дека го организирал постојаното пристигнување на мигранти на границата со Полска, членка на Европската унија (ЕУ), како одговор на санкциите на ЕУ воведени против Белорусија поради репресија на опозициските демонстранти.

Во истото интервју, Путин ги оцени воените вежби на САД и НАТО на Црното Море како „сериозен предизвик“ за Русија.

– САД и нивните сојузници во НАТО спроведуваат непланирани вежби во Црното Море. Не само што имаат прилично силна поморска група, туку и стратешка авијација. Тоа е сериозен предизвик за нас, рече Путин.

Поврзани новости