Путин: Русија ќе ја добие војната во Украина!

by Fokus

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека не се сомнева дека Русија ќе победи во Украина и ќе стане гарант за мирот и безбедноста за сите народи.

Путин ова го изјави за време на прес-конференција со човекот кој беше одликуван со Орден за татковска слава.

Станува збор за војникот Григориј Александрович, татко на неколку деца, кој учествувал во војната во Украина, но се вратил дома од здравствени причини, пишува руската агенција ТАСС.

„Знам дека победата секогаш ќе биде наша. Ќе победиме, недвосмислено, нема поинаку“, изјавил таткото на семејство со неколку деца наградено со Орден за татковска слава, пренесува Index.hr.

„Тоа е точно. Ќе биде исто како што кажа. Апсолутно, нема сомнеж“, се согласи Путин.

„За време на специјалната воена операција Русија ги брани својата земја, народ и вредности, затоа дефинитивно ќе излезе како победник. Нема сомнеж, се подразбира“ – изјави рускиот претседател, пренесува ТАСС.

Путин рече дека војникот Александрович имал можност да ја напушти зоната на „специјалната воена операција“, но одлучил да остане. Сега, сепак, по укажаната лекарска помош, сака да се врати во борбата.

„Војникот е навистина подготвен да продолжи да служи кога е здрав. Ми се чини дека тој веќе направи се што можеше. Проверив…“, прокоментира Путин и рече дека му се заблагодарува на војникот за се што прави.

„Не само за неговото семејство, туку и за целата земја“, рече рускиот претседател.

Поврзани новости