Путин пред Ердоган ја обвини Украина за провокативни акции во Донбас

by Фокус

Рускиот претседател Владимир Путин за време на разговорот со својот турски колега Реџеп Таип Ердоган ја обвини Украина за опасни провокативни акции во источниот регион Донбас, објави Кремљ.

Претходно, портпаролката на Министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова, изјави дека евентуалното влегување на Украина во НАТО би довело до голема ескалација на тензиите на југоистокот на таа земја, и, според неа, може да има неповратни последици за украинската државност.

Украинскиот началник на Генералштабот, Руслан Хомчак, пак, ги негираше обвинувањата дека неговата земја се подготвува да го нападне Донбас.

Хомчак преку Фејсбук изјави дека наводите дека неговата земја „се подготвува да го нападне Донбас“ имаат за цел да ја дискредитираат Украина на меѓународната сцена.

-Ослободувањето на украинската територија со сила ќе резултира со смрт на многу цивили и војници и тоа е неприфатливо за Украина – рече Хомчак.

Поврзани новости