Путин понуди бесплатна вакцинација за персоналот на ОН

by Fokus

Рускиот претседател Владимир Путин на говорот на годишното заседание на Генералното собрание на Обединетите нации понуди бесплатно вакцинирање на персоналот на ОН со новата руска вакцина Спутник-V, пренесува Бета.рс.

-Секој од нас би можел да се соочи со тој опасен вирус. Вирусот не го поштеди персоналот на ОН, неговото седиште и регионалните служби, рече Путин на снимениот говор од Москва.

Својата понуда тој ја опиша како одговор на барањето: „Некои колеги од ОН прашаа за ова и нема да останеме рамнодушни спрема нив“.

-Русија е подготвена да му пружи неопходна и експертска помош на персоналот на ОН, а наш посебен предлог е со нашата вакцина бесплатно да ги снабдиме вработените во организацијата кои доброволно ќе се пријават за вакцинација, рече Путин кој вакцината ја најави минатиот месец и додаде дека неговата ќерка е меѓу оние кои ја примиле.

Портпаролката на Светската здравствена организација, Маргарет Харис одби да ја коментира понудата на Путин.

Поврзани новости