Путин од самоизолација повика на гласање

by fokus

Рускиот претседател Владимир Путин денеска ги повика граѓаните да покажат љубов кон татковината, неколку часа пред почетокот на парламентарните избори, на кои не им е дозволено да учествуваат на главните противници на Кремљ.

-Јас сметам на вашето граѓанско чувство за одговорност, претпазливост и љубов кон татковината и дека се грижите за изборот на претставници кои ќе работат за доброто на нашата сакана Русија – рече Путин.

Путин ја испрати пораката од изолација, бидејќи во неговата околина беа идентификувани околу 10 случаи на заболени од ковид. Сепак, тој ќе може да гласа по електронски пат.

Инаку, парламентарните, регионалните и локалните избори започнуваат за неколку часа и ќе траат три дена со цел да се намали ризикот од инфекција со коронавирусот.

Поврзани новости