Путин нема да се вакцинира пред камери и Кремљ не открива која вакцина ќе ја прими

by fokus

Кремљ соопшти дека намерно одлучил да не го открива името на руската вакцина со која претседателот Владимир Путин ќе биде денеска имунизиран.

– Намерно не кажуваме кој лек ќе го добие претседателот, истакнувајќи дека сите три руски вакцини се апсолутно безбедни и ефикасни, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Според Песков, Путин веќе направил многу за промовирање на вакцини од руско производство, од кои најпозната е Спутник В.

Москва, исто така, даде итно одобрување на уште две домашни вакцини, EpiVacCorona и CoviVac.

Песков додаде дека на Путин не му се допаѓа идејата да се вакцинира пред камери.

Поврзани новости