„Путин не е Русија“: Протести во Чешка против рускиот претседател

by Fokus

Илјадници, претежно руски, демонстранти се собраа денеска во центарот на Прага за да протестираат против претседателот Владимир Путин, повикувајќи го да стави крај на војната во Украина.

Околу 5.000 луѓе, според организаторот, скандираа „Русија без Путин“, „Слобода за Русија, мир за Украина“ и „Путин не е Русија“ додека маршираа низ историскиот центар на Прага.

– Во Чешка живеат 40.000 Руси, а досега овие Руси им беа непознати на Чесите“, изјави организаторот Антон Литвин за АФП, пренесува БГНЕС.

– Сакаме да покажеме дека Русите кои живеат овде се против Путин, против војната, дека ја поддржуваат Украина, додаде уметникот и активист, кој живее во Прага веќе 10 години.

– Русите овде не се путинисти, тие се Европејци, рече Литвин.

Транспарентите кои ги носеа демонстрантите ги повикуваа Русите „да го кренат својот глас и да се борат против вистинскиот непријател, а не со Украина“, а Путин го опишаа како убиец.

Поврзани новости