Путин назначи нов амбасадор во Македонија

by fokus

Рускиот претседател Владимир Путин го назначи Сергеј Баздникин за амбасадор во Република Македонија, јави ТАСС.

Од кабинетот на рускиот претседател Путин соопштија дека тој го именуваше Баздникин за нов амбасадор на Русија во Македонија.

Указот за назначување на новиот амбасадор беше објавен заедно со друг указ, со кој Путин го ослободува од должност досегашниот амбасадор Олег Шчербак, кој на таа функција беше од 2010 година.

Сергеј Баздникин е поранешен заменик на началникот на Департментот за планирање на Министерството за надворешни работи на Русија.

– Се именува Сергеј Александрович Баздникин за нов амбасадор на Русија во Република македонија, се наведува во указот на Путин

Не се посочува причината за смена на амбасадорот.

Поврзани новости