Путин му ветил на Макрон дека ќе дозволи меѓународни инспектори да ја посетат Запорожје

by fokus

Рускиот претседател Владимир Путин му ветил на неговиот француски колега Емануел Макрон дека Русија е подготвена да им ја даде потребната помош на инспекторите на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) за време на нивната посета на нуклеарната централа Запорожје, соопшти денеска Кремљ.

-Руската страна ја потврди подготвеноста на инспекторите на Агенцијата да им ја обезбеди потребната помош, се вели во соопштението, пренесува РИА Новости.

Двајцата лидери ја истакнале важноста мисијата на МААЕ што поскоро да оди во нуклеарната централа Запорожје.

Украинската компанија за атомска енергија „Енергоатом“ пак предупреди дека Русија планира да ја исклучи нуклеарката од украинската електрична мрежа и да ја приклучи на руската.

Поврзани новости