Путин го предупреди НАТО да не се спријателува со Украина и Грузија

by fokus

Рускиот претседател Владимир Путин го предупреди НАТО да не развива блиски односи со поранешните советски републики Украина и Грузија.

– Нашите колеги ги креваат влоговите во играта кога се обидуваат да ги приклучат, на пример, Украина или Грузија, во воената орбита на Алијансата. Треба да размислат за последиците од оваа неодговорна политика. Ние ќе одговориме соодветно на сите вакви агресивни чекори, изјави Путин на средба со руски дипломати.

Двете земји се сметаат за можни кандидатки за членство во НАТО, и во двете има активни сепаратистички тенденции, за чие поттикнување е обвинета Русија.

Путин изјави дека за проширувањето на НАТО кон овие земји разговарал и со американскиот претседател Доналд Трамп, на средбата што се одржа во Хелсинки.

Поврзани новости